МАНУ

Сиљановска-Давкова: Нема никаква потреба да се менуваат државниот грб и химна

21.02.2025 16:30

Нема потреба од промена на химната и државниот грб, одговори претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова. Со идентичен став и првиот академик Попов...

Нема никаква потреба да се менуваат државниот грб и химна идентични ставови на претседателката Сиљановска-Давкова и првиот академик Попов, по отворените прашања во земјава. Ја одразуваат историјата, а грбот е повеќе со географски обележја.

Додека за претседателот на МАНУ идејата за одложено дејство на уставните измени е интелигентна идеја, шефицата на македонската држава смета дека Европската унија за прием на нови членки порано имала и креативни идеи. Почитувањето на самоопределувањето е неприкосновено право на еден народ вели таа, нагласувајќи дека нема проблем разговорите со Бугарија да продолжат.

Дипломатската активност на Владата и посетата на САД на Мицкоски втора за кратко време претседателката Сиљановска Давкова ја оценува како продуктивна, бидејќи политиката се базира на лоби групи. Светот влегува во бурни трансформации и во политиката со стратешки пристап може да помогнат и академиците посочи таа.

 

Миле А. Ристески