Вашингтон

Премиерот Мицкоски се обрати на конференцијата СРАС во Вашингтон

22.02.2025 09:24

Христијан Мицкоски се обрати на конференцијата СРАС – големиот десничарски настан кој се одржува во Вашингтон, а на кој обраќање имаат и претседателот Доналд Трамп, потпретседателот Џеј Ди Венс, спикерот на претставничкиот дом Мајк Џонсон, голем број претставници на администрацијата на Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на конференцијата СРАС – големиот десничарски настан кој се одржува во Вашингтон, а на кој обраќање имаат и претседателот Доналд Трамп, потпретседателот Џеј Ди Венс, спикерот на претставничкиот дом Мајк Џонсон, голем број претставници на администрацијата на Трамп, странски државници и водечки десничарски коментатори од САД.

„Тоа беше историски настан, според моето скромно мислење. Не велам дека сум во право, можеби некои европски политичари ќе ми се налутат, но тоа беше инспиративен говор. Важно е дека по говорот, некои од публиката го критикуваа Венс, а некои рекоа дека тоа било своевидно мешање во внатрешните работи на суверени држави, бидејќи потпретседателот Венс наведе многу примери кои не се во согласност со слободата на говор, со демократијата, со нашите споделени вредности. Не знам дали американскиот народ знае, дека по нашата независност од Југословенската федерација, ние имавме стратегиска цел да станеме членка на НАТО и на ЕУ. Пред да влеземе во НАТО, го сменивме знамето, валутата, уставот и нашето име, бидејќи некои од нашите соседи станаа членки на НАТО пред нас и го злоупотребија правото на вето за да решаваат билатерални спорови. Што е тоа ако немешање во внатрешните работи?“, изјави премиерот Мицкоски.