Груевски во Белгија на одбележување 100 години од почетокот на Првата Светска војна
Главната церемонија ќе се одржи на Меморијалниот споменик посветен на војна во градот Лиеж...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска во Кралството Белгија ќе присуствува на церемонијата за одбележување на 100 годишнината од почетокот на Првата Светска војна.
Шефови на држави и влади од цела Европа денеска во Белгија ќе ја одбележат 100-годишнината од германската инвазија на земјата на 4-ти август 1914 година.
Главната церемонија ќе се одржи на Меморијалниот споменик посветен на војна во градот Лиеж.
Обраќање ќе имаат белгискиот крал Филип, францускиот претседател Франсоа Оланд и неговиот германскиколега Јоаким Гаук.
И Велика Британија ќе ја одбележи годишнината од почетокот на нејзиното учество во војната на 1914-1918.
