Нова размена меѓу Израел и Хамас
Шестемина мажи се очекува да бидат последните живи ослободени за време на првата фаза од договорот за прекин на огнот...

Нова размена меѓу Израел и Хамас, шест заложници за над 600 палестински затвореници. Шестемина мажи се очекува да бидат последните живи ослободени за време на првата фаза од договорот за прекин на огнот.
Дополнително во оваа фаза Хамас соопшти дека ќе предаде уште четири тела на израелските власти наредната недела, по што треба да започнат преговори за вториот дел од договорот. Црвениот крст потврди дека милитантите го доставиле и телото на Шири Бибас-мајката на најмалите убиени заложници што ги држеа Хамас.
Портпаролот на израелската војска Хагари изјави дека тие биле убиени со голи раце неколку недели по киднапирањето на 7 октомври 2023-тата.
