Украина

Борбите на фронтот во Украина не мируваат

22.02.2025 11:24

Руските војници ги претворија Часов Јар и Торецк во Доњецката област и Билогоривка во Луганск во урнатини-борбите на фронтот не мируваат

Руските војници ги претворија Часов Јар и Торецк во Доњецката област и Билогоривка во Луганск во урнатини-борбите на фронтот не мируваат, додека дипломатските напори за ставање крај на војната и натаму продолжуваат.

Американскиот претседател Трамп ги обвини неговиот поранешен колега Бајден и Зеленски за конфликтот во Украина, истакнувајќи дека тие можеле да го спречат.

Зеленски потврди дека украинските и американските тимови работат на нацрт договор меѓу двете влади. Изјави дека се надева на фер исход надевајќи се дека со европските партнери ќе може да обезбедат спроведување на стратегии заедно со САД.