Перу

Се урна покрив во трговски центар во Перу

22.02.2025 13:41

Се урна покрив во прометен трговски центар во перуанскиот град Трухиљо...

20 луѓе се повредени откако се урна покрив во прометен трговски центар во перуанскиот град Трухиљо. Засега нема пријавени смртни случаи. Спасувачките екипи заедно со пожарникарите се обидуваат да ја расчистат урнатата конструкција.

Властите почнаа истрага која треба да ги утврди причините за несреќата.