МВР
Претрес во Тетово, пронајдена дрога, приведен дилер
22.02.2025 12:25
Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.М.(37) од Тетово...

Вчера во 16.55 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.М.(37) од Тетово. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени четири тегли со марихуана, пари во различни апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
