Утре вонредни парламентарни избори во Германија
Утре Германија гласа на вонредни парламентарни избори. Последните анкети покажуваат водство на конзервативците, зад нив се ултрадесничарите од алатернатива за Германија, а социјалдемократите имаат драстичен пад на поддршката. Темите за економијата и миграцијата доминираа во кусата, но макотрпна предизборна кампања. Не изостанаа и коментарите за новата американска администрација и за состојбата во Украина...

Германските гласачи утре на вонредни парламентарни избори одлучуваат кој ќе управува со владата во наредните четири години. Последните анкети јасно покажуваат водство на конзервативните сестрински партии ЦДУ-ЦСУ, зад нив се ултрадесничарите АФД, а анкетите покажуваат драстичен пад за социјалдемократите. Во кусата, но макотрпна предизборна кампања – миграцијата и економијата доминантни теми пред изборите за Бундестагот. Конзервативците жестоко нападнаа за економските политики на владата на Шолц. Обвинија дека земјата три години по ред се наоѓа во рецесија. На завршниот митинг на партијата, Фридрих Мерц кандидатот за канцелар на конзервативците предупреди дека под водство на новата американска администрација драстично се менува курсот и тоа може целосно да ја преобликува картата на светот. Упати порака до Европа дека греши во пристапот кон Украина.
„Ние бевме многу грешевме за она што се случи во Украина, не во 2022 година кога стана очигледно, во 2014 година кога се почна. Ако направиме уште една грешка, ако повторно погрешиме, тогаш цената нема да биде многу висока само за луѓето во Украина, туку ќе биде многу висока и за нас“, изјави Фирдирх Мерц – кандидат за канцелар на ЦДУ.
Украина тема и на завршниот митинг на СПД. Кандидатот и актуелен канцелар Шолц уверува дека Германија нема да ја остави земјата сама, потенцирајќи дека Украина има право на самоопределба. Го критикуваше говорот на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на Минхенската конференција, а го коментираше и Илон Маск кој даде поддршка за крајнодесничарската партија алтернатива за Германија.
„Немам ништо против луѓето кои се милијардери, туку против милијардери кои мислат дека имаат право да навредувате и да поддржуваат злосторства, тоа не е во ред и затоа ние во Европа ќе инсистираме на нашите правила. Правилата кои велат, на пример, дека нацистичките симболи се забранети во Германија и дека тоа останува така“, изјави Олаф Шолц – СПД.
На овие избори изненадувачки е порастот на ултрадесничарската партија алтернатива за Германија, која според анкетите ќе избие на второто место по освоените гласови. Но, АФД засега е изолирана, бидејќи сите политички партии одбиваат какво било коалицирање со ултрадесничарите. Утрешните парламентарни избори, кој се четвртите вонредни во историјата на повоена Германија се организираат по распадот на трипартитната коалиција на канцеларот Олаф Шолц.
Маја Стојанова
