Вработувања

Реакции за најавите за партиски вработувања

22.02.2025 15:03

За СДСМ е скандал без преседан изјавата на вицепремиерот Меџити дека Владата ќе вработи до 3.000 партиски кадри во државната администрација во најкус рок. Медиумите го чекаат Меџити на најавен настан за да одговори на обвинувањата, но тој не се појави. Испрати претставник од Вреди.

Предизборен популизам или најава за партизација на јавниот сектор. Партиите се скараа по изјавата на вицепремиерот Изет Меџити дека се планира вработување на 2 до 3 илјади Албанци во администрацијата. Опозициската СДСМ во ова гледа обид за вдомување на неквалитетен кадар во институциите и повика Антикорупциската комисија да го истражи случајот.

Демократското движење, чиј претседател е Меџити, организираше тренинг за млади политичари на кој се запознаваа со институциите, законите и државните процедури. Иако најавен, Меџити не се дојде на прес конференцијата, а неговиот сопартиец рече дека на политички прашања ќе одговараат друг ден.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат оти ќе нема масовни вработувања по етнички клуч, а ако се пополнуваат празните места во администрацијата тоа ќе биде во согласност со пописот и реалните потреби на институциите.

 

Анита Димитријевска – Велковска