Македонија

Планинарски марш во чест на Борис Трајковски

22.02.2025 15:37

Планинари од Југоистокот по 20-ти пат ќе пешачат од Струмица до Скопје во чест на Борис Трајковски. Тие денеска тргнаа и се очекува да стасаат во среда на вечното почивалиште на претседателот во Бутел. Паралелно ќе има и искачување на врвот Ботра на Беласица, именуван по Борис Трајковски...

Петнаесетина планинари од Југоистокот по дваесетти пат ќе маршираат 200 километри во чест на трагично загинатиот македонски претседател, Борис Трајковски. Тргнаа од пред споменикот Македонија во Струмица за да во среда се поклонат на вечното почивалиште на гробиштата Бутел во Скопје.

Друштвото „Ентузијаст“ од Струмица во чест на Борис Трајковски утре организираат и планинарско искачување на врвот Ботра кој го носи името на трагично загинатиот претседател. Врвот е висок 1.880 метри а ќе го искачуваат и планинари од Бугарија.

Пред да тргнат од Струмица планинарите положија свежо цвеќе пред споменикот подигнат во чест на Трајковски.

 

Ване Трајков