Органодарителство

Триесеттина пациенти чекаат трансплантација на срце

22.02.2025 16:35

Долг е списокот на пациенти во земјава кои чекаат трансплантација на органи. 30 тина лица чекаат донор на срце, 20 од нив живеат на батерии со механичка пумпа. Свеста за органодарување сè уште е ниска...

Долга е листата на пациенти кои чекаат трансплантација на орган и нова шанса за живот. Триесеттина лица чекаат донор на срце, а 20 од нив се зависни од батерии, живеат со механичка пумпа. Повеќето се млади, но, свеста за органодарување е ниска. Во земјава досега се извршени 11 трансплантации на срце, а ниту една кај пациент со механичка поддршка.

Органодарувањето е највисокиот чин на хуманост, кога би имало поголем број органодарители, пациентите ќе ја добијат единствената шанса за живот.

Последната трансплантација на срце во земјава е извршена во март минатата година. За подигнување на јавната свест за органодарување денес во организација на Црвениот крст на градскиот плоштад во Охрид се делеа едукативни флаери.

 

Соња Рилковска