Ден на туристички водачи

Традиционална бесплатна пешачка тура во Битола

22.02.2025 17:42

Бесплатна тура во Скопје и Битола за Светскиот ден на туристички водичи. Од Асоцијацијата обвинуваат дека лебот им го земаат нелиценцирани кои шират и неточни информации за земјава. Навиките на странските групи се да доаѓаат со сопствен водич...

По повод Светскиот ден на туристичките водичи, македонската асоцијацијата на туристички водичи, организира бесплатна пешачка тура во Скопје и Битола, како едни од најпосетуваните градови во земјава. Битола е еден од градовите кој има туристи преку целата година, она што лиценцираните туристичките водичи им го раскажуваат на странските посетители, денес имаа можност да го слушнат и битолчани и во текот на двочасовната тура да бидат туристи во сопствениот град.

Лиценцираните туристички водичи, со големо знаење и искуство, се најрелевантните раскажувачи на македонската историја. Но за жал најчесто остануваат без тури, затоа што навиките на странските групи, кои доаѓаат со сопствен водич-се непроменети, тоа е проблем број еден, дополнителен проблем е и недостигот од наши лиценцирани водичи на странски јазици.

Традиционално по четврти пат, со бесплатна пешачка тура низ Битола, се одбележа Светскиот ден на туристички водичи. Посетителите има прилика одблиску да се запознаат со работата и приказните кои водичите како едни од најрелевантните раскажувачи им ја пренесуваат на странските и домашните посетители.

Турата започна со посета на спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк, по должината на широк сокак, а заврши со посета на Јени џамија, која после 2 децении, пред неколку месеци беше повторно отворена за јавноста.

Битола е град со најбогата историја, култура и традиција, но и еден од најпосетуваните во земјава. Како домаќини битолчани имаат со што да се пофалат но и што да им покажат на своите гости.

Ние слушнавме како звучат приказните раскажани од лиценцирани туристички водич, но дали истото можат да го слушнат и странските групи кои при посета на нашата земја, си носат свои водичи со свои приказни. Останува непознато. Овој проблем се провлекува со години, иако законот налага, неказнивоста им дозволува, да ги заобиколуваат македонските лиценцирани водичи.

Александра Максимовска