Јотовски и Ѓорчевска со рекордни пласмани досега
Македонските тенисери Томислав Јотовски и Лина Ѓорческа ја почнаа оваа недела со највисоки пласмани на АТП и на ВТА ранг-листите во кариерата.
Со настапот во полуфиналето на последниот фјучерс турнир во Сомбор, Јотовски напредуваше дури 72 позиции и сега е на 628. место на светската листа. Дејвис Куп репрезентативецот му се приближи на нашиот тенисер со најдобар ранкинг, Димитар Грабул, којшто сега е на 586.место, откако назадуваше 23 позиции.

И Ѓорческа е со највисок пласман досега во кариерата, 420-та на ВТА-листата во поединечна конкуренција, додека по дубл-триумфот на фјучерсот во Темишвар, се наоѓа на 403.место на листата во двојки.