Германија

Уапсен руски државјанин за напад врз израелската амбасада во Берлин

22.02.2025 20:34

Уапсен 18-годишен руски државјанин осомничен дека планирал да изврши политички мотивиран напад врз израелската амбасада во Берлин...

Германската полиција уапси 18-годишен руски државјанин осомничен дека планирал да изврши политички мотивиран напад врз израелската амбасада во Берлин.

Неколку часа претходно полицијата потврди дека по неколкучасовна потрага го уапсила осомничениот напаѓач кој со нож нападна шпански турист пред меморијалот на холокаустот во Берлин. Уапсениот е однесен на распит, а неговиот мотив се истражува.