Регион
Протести во Софија против еврото
23.02.2025 10:38
Екстремната десница се судрија со полицијата во Софија за време на протестот за поддршка на бугарската валута лев и против воведувањето на еврото...

Поддржувачите на екстремната десница се судрија со полицијата во Софија за време на протестот за поддршка на бугарската валута лев и против воведувањето на еврото.
Демонстрантите фрлаа црвена боја, петарди и молотови коктели врз зградата на ЕУ во бугарската престолнина.
Полесно се повредени 10 полицајци, а шест лица се приведени. Владата го осуди нападот на европската зграда во Софија. Осуда пристигна и од Брисел.
