Тел Авив го одложи предавањето на заложници поради понижувачките церемонии на Хамас
Одложено предавањето на над 600 палестински затвореници поради, како што објавија од кабинетот на Нетанјаху, понижувачките церемонии на Хамас при предавањето на израелските заложници.

Тел Авив го одложи предавањето на над 600 палестински затвореници поради, како што објавија од кабинетот на Нетанјаху, понижувачките церемонии на Хамас при предавањето на израелските заложници. Бараат гаранции дека во иднина тоа нема да се случува. Осуда пристигна и од Црвениот крст. Хамас пак, ги отфрли критиките велејќи дека чинот бил свечен приказ на палестинското единство. Го обвинија Израел за прекршување на договорот.
Во истовреме, израелските сили ги продолжија операциите на Западниот Брег. Го нападнаа и јужен Либан, неколку часа пред погребот на лидерот на Хезболах, Насрала во Бејрут, пет месеци откако беше убиен во израелски напад. И додека шестемина заложници од Газа се обединија со своите семејства, Палестинците не го криеја незадоволството од одлуката на Израел.
„Се надевавме дека Изал Дин и неговите пријатели ќе бидат ослободени, но бевме шокирани од одлуката на окупацијата“, изјави Шерин ал-Хамаре – роднина на палестински затвореник
„16 години го чекаме овој ден, надевајќи се на ослободување на нашиот син. Ова продолжено страдање денес е затоа што Израелците сакаат да ни ја скршат радоста на кој било начин“, изјави Адиб ал-Саифи - татко на палестински затвореник
