Македонија

Одлив на високообразовни и стручни кадри

23.02.2025 14:18

Македонија се соочува со голем одлив на високостручни и научни кадри, нема стратегија за намалување на тројната емиграција. На младите научници да им се даде шанса за развој, а на универзитетите поголема автономија во вработувањата...

Македонија се соочува со голем губиток на високостручни и научни кадри, стои во извештајот на Државниот завод за ревизија по анализата за ефективноста на државните мерки за намалување на иселувањето на високостручниот кадар. И додека државата размислува како да го намали одливот на мозоци, студентите планираат кариера таму каде имаат подобри услови за развој и заработка.

Условите за професионален развој се пресудни во одлуката за останување овде, потврдуваат и истражувањата на УГД за иселувањето на младите.

На младите научници треба да им се даде шанса за развој во нивните најпродуктивни години. Универзитетите бараат поголема автономија во вработување на научен кадар.

 

Славица Величковска