Мицкоски: Мора да се кажува вистината за Македонија
По дипломатски активности надвор од земјава премиерот Мицкоски вели дека секаде ја вистината за Македонија и има поддршка за евроинтегративниот пат. Оцени дека мора да се бориме со факти и да се прилагодиме на новото нормално што доаѓа од Вашингтон и ќе го преплави светот...

Доста од двојни стандарди, треба да одите напред. Ова се дел од пораките со конкретна поддршка за евроинтегративниот пат на земјава кои премиерот Мицкоски ги добил на средбите со високите претставници во Вашингтон. Шефот на Владата вели дека каде и да оди негова мисија е низ светот да ја раскаже вистинската вистина за Македонија и за се што се случувало и што го фрустрира македонскиот народ. Но камен на сопнување останува една земја членка, која, како што вели Мицкоски, не враќа векови наназад.
Мицкоски со поддршка за говорот на американскиот потпретседател Венс на Минхенската безбедносна конференција каде отворено ја критикуваше Европа за двојните стандарди. Вели тоа е новото нормално што доаѓа од Вашингтон и што ќе го преплави светот. Мицкоски за време на патувањето во САД се обрати на панелот на Атлантскиот совет и на најголемиот годишен собир на американските конзервативци.
Владината дипломатска офанзива продолжува во Турција. Премиерот Мицкоски в петок ќе присуствува на приватен ручек кај турскиот претседател Ердоган во Истанбул за да се потврди стратешкото партнерство меѓу двете земји. Неколку дена подоцна ќе учествува и на меѓувладината конференција во Будимпешта.
Викторија Милевска
