Јавен сектор

Контрааргументи за вработувањата административци

23.02.2025 16:41

Опозицијата обвинува за масовна партизација на администрацијата, бара истрага, нема вработувања по етнички и партиски клуч додека сум премиер – уверува Мицкоски...

Нема да има вработувања по етнички и по партиски клуч додека сум на чело на Владата, уверува премиерот Мицкоски по обвинувањата за масовна партизација на јавниот сектор што стигнаа по изјава на вицепремиерот Меџити дека за една година околу три илјади Албанци ќе добијат работно место во администрацијата.

Од СДСМ обвинуваат за политички договор во владината коалиција за робустно полнење на јавната администрација со партиски послушници. Бараат одговорност, Антикорупциска да отвори истрага.

Владиниот партнер од ЗНАМ министерот за администрација Минчев претходно веќе реагираше дека Меџити се однесува како „Алиса во земјата на чудата“. Во одговор на Минчев, Меџити само потсети дека правичната етничка застапеност на Албанците во институциите е уставна категорија, за која рече дека мора да се почитува, и нагласи дека Владата веќе презела мерки за трансформација на работниот однос на околу 1.500 лица во здравството, од кои 750 се Албанци.

 

Игор Панов