ГОБ „8 Септември“ ќе се реконструира
Современа апаратура и седум нови операциони сали во Градската општа болница „8 Септември“. Целосно ќе се санира и кровот што протекува. По 80 години болницата ќе биде реконструирана, проектот ќе чини 12 милиони евра...

Подобри услови за лекување, современа апаратура и седум нови операциони сали во Градската општа болница „8 Септември“. Целосно ќе се санира и кровот што протекува. По 80 години болницата ќе биде реконструирана, проектот ќе чини 12 милиони евра.
Парите се обезбедени од „Тав Македонија“. Турската компанија парите требаше да ги вложи во изградба на карго аеродром во Штип, а јуни 2021 средствата беа пренаменети во изградена на инфраструктурни проекти во општините.
Здравствените власти неодамна најавија дека „8 Септември“ ќе стане регионален центар за лекување на пациенти од Скопје, Куманово и Велес.
