Ватикан

Влошена состојбата на папата Франциск

23.02.2025 18:07

Здравствената состојба на папата Франциск-соопшти Ватикан, оценувајќи ја како критична. Додадоа дека му биле потребни дополнителна трансфузија на кислород и крв...

Влошена здравствената состојба на папата Франциск-соопшти Ватикан, оценувајќи ја како критична. Додадоа дека му биле потребни дополнителна трансфузија на кислород и крв.

88-годишниот понтиф беше примен во римската болница „Агостино Џемели“ на 14-ти февруари поради отежнато дишење по што му беше дијагностицирана пневмонија на двете белодробни крила.

Илјадници луѓе излегоа на улиците низ латинска Америка молејќи се за неговото здравје.