храна

Видови леб за сечиј вкус и леб

23.02.2025 12:56

И додека дискутираме која е реалната цена на лебот, пазарот нуди бројни видови леб за сечиј џеб и вкус. но кој леб е најхранлив и најзрав. екипата на мтв направи истражување. резуллтатите, упатуваат на основите на здравото живеење...

И додека дискутираме која е реалната цена на лебот, пазарот нуди бројни видови леб за сечиј џеб и вкус. но кој леб е најхранлив и најзрав. екипата на мтв направи истражување. резуллтатите, упатуваат на основите на здравото живеење

Бел, полубел, црн леб. Со цели зрна, од повеќе житарки. Интегрален, баварски. И што ли уште не. На пазарот се бројни видови леб, голем маркетинг, уште повисоки цени. Основниот прехранбен производ се нуди за сечиј џеб. Како да не се ужива во топол леб, намачкан со ајвар? Кој е најздрав леб?

Граѓаните имаат навики, потреби, длабочина на џебот, а и искуство.

Производителите на леб упатуваат на умереноста.

За нутриционистите е битно да се јаде леб од повеќе целозрнести житарки за да се користи хранливоста. А тоа упатува на едноставноста во здравата исхрана.

Каков и да е, лебот останува неопходен.

 

Елизабет Митреска