Скопје
Ќе се реновира Домот на културата во Гази Баба
23.02.2025 19:01
Реконструкцијата на Домот на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто, со што по четири децении Гази Баба ќе добие модерен објект со гледалиште за 180 посетители...

Почна реконструкцијата на Домот на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто, со што по четири децении Гази Баба ќе добие модерен објект со гледалиште за 180 посетители, а ќе се модернизираат сцените и помошните простории.
Инвестицијата чини 84 милиони денари, а средствата се обезбедени преку повикот на Владата за поддршка на општините.
