Македонски шуми: Граѓаните да купувааат огревно дрво од легална сеча
04.08.2014 12:44
Македонски шуми, како што изјави помошникот генерален директор Тони Јованов, располага со доволно огревни дрва и е подготвено на граѓаните навреме да им ги испорача купените количини...

Граѓаните да купуваат огревно дрво од легална сеча, жигосано и со испратница, порачуваат од ЈП „Македонски шуми“. Претпријатието денеска уште еднаш потсети дека од 1 август до 30 септември годинава се намалени цените на буковото огревно дрво за десет отсто за сите физичи лица и за 15 проценти за корисниците на социјална помош.
Македонски шуми, како што изјави помошникот генерален директор Тони Јованов, располага со доволно огревни дрва и е подготвено на граѓаните навреме да им ги испорача купените количини.
„Апелираме при купувањето огревно дрво да се проверува дали е тоа жигосано и има испратница. Во спротивно, ако се работи за нелегална, дива сеча, граѓаните само ќе ги фрлат парите во вода“, истакна Јованов.
Претпријатието има околу 200 илјади метри кубни огревно дрво на залиха. Според Јованов, дабовото дрво останува со непроменета цена од 2.450 денари за метар кубен . Тој уште еднаш подвлече дека сите што склучиле договор со Македонски шуми и оние кои сакаат да купат буково огревно дрво по намалена цена, ќе бидат навреме снабдени.
Во Македонија над 30% од населението се грее на дрва и притоа 70 проценти од дрвото е буково.
