Мерц прогласи победа, Шолц го призна поразот
Мерц свесен за одговорноста што претстои, одби да соработува со екстремно десничарската Алтернатива за Германија која го осови второто место...

Германија наскоро да добие функционална влада, посака кандидатот на Унијата за канцелар Фридрих Мерц, откако прелиминарните резултати покажаа дека конзервативната христијанско – демократска унија ЦДУ победи на предвремените избори. Мерц свесен за одговорноста што претстои, одби да соработува со екстремно десничарската Алтернатива за Германија која го осови второто место. Лидерот на Социјалдемократите Олаф Шолц експресно го призна поразот. Ја презеде одговорноста за лошиот резултат и порача дека ќе ја извршува функцијата до последниот ден.
„Светот не нè чека нас, и не чека долготрајни коалициски разговори и преговори. Мора повторно да станеме способни да дејствуваме брзо за да можеме да ја направиме вистинската работа дома, за повторно да бидеме присутни во Европа, за светот да види дека Германија е одговорно управувана“, изјави Фридрих Мерц, кандидат за канцелар на Германија од ЦДУ.
„Ова е горчлив изборен резултат за Социјалдемократската партија. Тоа е исто така изборен пораз. Овој пат резултат е лош и за тоа во овој момент сакам да кажам дека јас сносам одговорност“, изјави Олаф Шолц, германски канцелар.
