Македонија

Утре на владина седница предлогот за разрешување на државниот обвинител Коцевски

24.02.2025 08:36

Од Министерството за правда во документот кој го изготвуваат ќе бидат наведени аргументите за разрешување, а откако Владата ќе го усвои, ќе биде испратен на разгледување во Советот на јавни обвинители...

Предлогот за разрешување на државниот обвинител Коцевски, утре ќе се најде на владина седница.

Од Министерството за правда во документот кој го изготвуваат ќе бидат наведени аргументите за разрешување, а откако Владата ќе го усвои, ќе биде испратен на разгледување во Советот на јавни обвинители. како причини за смена на државниот обвинител, наведени се нарушениот углед и функционалноста на обвинителството, незаконски постапувања и корупција, влијание и неефикасност.

Се тврди дека Коцевски намерно и неоправдано направил крупна професионална грешка. Социјалдемократите повикаа, политиката да стои настрана, а процесот да се одвива согласно со законите. Неодамна, обвинителот Коцевски изјави дека доколку се потврди оти сторил дисциплинска повреда, сам ќе ја напушти функцијата.