Украина

Три години војна во Украина и дипломатски напори за мир

24.02.2025 08:38

САД веруваат дека договор е можен. Зеленски подготвен да се повлече од функцијата доколку тоа значи мир во Украина или членство во НАТО...

Три години од војната во Украина. Крајот на конфликтот се чини се поблиску, додека расте дипломатскиот притисок. САД веруваат дека договор е можен. Зеленски подготвен да се повлече од функцијата доколку тоа значи мир во Украина или членство во НАТО.

„Ако мирот за Украина зависи од тоа, ако е неопходно да се повлечам, јас сум подготвен. Друга работа – би можел да го заменам ова за членство во НАТО доколку постојат такви услови, веднаш, без да се одолговлекува дискусијата. Верувам дека НАТО е најевтината опција и без разлика кој ја поддржува или не, оваа идеја останува на маса заедно со безбедносните гаранции и преговорите“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Кремљ вели дека никој никогаш нема да го продаде Крим и четирите украински региони кои Русија ги анектираше. Специјалниот пратеник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, вели дека „Истанбулскиот договор“ може да стане обележје за склучување мировен договор меѓу Украина и Русија.