Хамас со закана: Предадете ни ги затворениците
Израел ги повика и силите на новиот режим во Јужна Сирија да се демилитаризираат...

Првпат по повеќе од 20 години израелски тенкови влегоа на Западниот Брег. Од одбраната потврдија дека нејзините силите на Израел во текот на следната година ќе останат на палестинската територија решени да ги уништат терористите поради порастот на нападите.
„Тие ги уништуваат терористичките инфраструктури, ги елиминираат терористите и ќе останат таму онолку колку што е потребно. За прв пат по децении влегоа тенкови на Западниот Брег, а тоа значи дека продолжуваме со борбата против тероризмот со сите средства и секаде“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Израел ги повика и силите на новиот режим во Јужна Сирија да се демилитаризираат. Остануваат во тампон зоната за да спречат било каква закана. Велат дека во секој момент се подготвени да ги продолжат и борбите со Хамас додека семејствата и натаму чекаат ослободување на палестинските затвореници. Милитантите со закана-предадете ги или ќе ги прекинеме преговорите.
