Ватикан

Здравствената состојба на Папата критична, утврдена му е бубрежна слабост

24.02.2025 08:47

Тој веќе една недела е хоспитализиран во римската болница Џемели поради комплексна респираторна инфекција и пневмонија...

Здравствената состојба на папата Франциск останува критична-соопшти Ватикан, потврдувајќи дека 88-годишниот поглавар на Католичката црква има почетна форма на бубрежна слабост.

Тој веќе една недела е хоспитализиран во римската болница Џемели поради комплексна респираторна инфекција и пневмонија.