Голем интерес за кредити
Задолженоста на македонските граѓани и компании надмина 8 милијарди евра, покажаа најновите податоци на Народната банка на Македонија...

Интересот за кредити не стивнува. Задолженоста на македонските граѓани и компании надмина 8 милијарди евра, покажаа најновите податоци на Народната банка на Македонија. Кредитната задолженост на домаќинствата и на стопанството незапирливо расте од месец во месец.
Во јануари, долгот на граѓаните и компаниите достигнал до 8 милијарди евра. Бројките покажуваат дека домаќинствата се позадолжени, и нивниот долг надминува 4 милијарди евра, компаниите должат нешто помалку 3,9 милијарди евра.
Банкарите укажуваат дека кредитите на домаќинствата имаат и месечен и годишен раст. На месечна основа задолженоста на пораснала за 0,2 проценти, додека пак на годишна за 8,8 отсто. Бројките покажуваат дека најголем интерес меѓу населението има за потрошувачки и станбени кредити.
