Регион
Во Нови Сад избран нов градоначалник, протести пред Собранието
24.02.2025 13:32
Во собранието на Нови Сад, без присуство на опозицијата Жарко Миќин, беше избран за градоначалник на градот...

Во Градското собрание на Нови Сад, без присуство на опозицијата Жарко Миќин, беше избран за градоначалник на градот.
Заменик-градоначалник е Ѓураѓ Јакшиќ. Претходно во инцидент пред Собранието, демонстрантите на протестот кој го организираа опозициските партии фрлаа јајца и брашно кон полицијата која од изутрината во полна опрема е присутна околу и во градската куќа.
Советниците од опозициските партии тврдат дека биле спречени да влезат на седницата. Власта, убедува дека биле повикани, но одбиле да присуствуваат.
