ЕК објави оглас за обнова на 10 железнички станици во Македонија
04.08.2014 13:19
Краен рок за поднесување на понудите е до 30 септември...

Европската комисија денеска објави оглас за целосно обновување на 10 железнички станици во Македонија по должината на Коридорите 10 и 10д.
Со инвестицијата се опфатени 10 станици во Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демиркапија, Градско и Неготино - Вардар.
Краен рок за поднесување на понудите е до 30 септември.
Покрај целосната обнова, ќе се вградат и нови системи за противпожарна заштита, патнички информативен систем, а ќе се подобри и пристапностаза лицата со намалена подвижност.
