транспорт

Нова административна зграда на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“

24.02.2025 14:43

Ќе се гради нова административна зграда на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Инвестицијата е во вредност од 2,7 милиони евра, обезбедени во договор со концесионерот ТАВ...

Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ ќе се реконструира за првпат откако е изграден. Ќе се гради нова административна зграда од 250 метри квадратни, целосно ќе се реконструира терминалната зграда со површина од 2.000 метри квадратни, а постоечките три ќе се зголемат на осум шалтери. Инвестицијата во воздушниот сообраќај е со цел поголема конкурентност на Охридскиот аеродром на меѓународната мапа и развој на туризмот.

Се очекува Охридскиот аеродром да добие нов лик до крајот на март следната година. Инвестицијата е во вредност од 2,7 милиони евра, обезбедени во договор со концесионерот ТАВ. Годишно го користат околу 60.000 патници и има околу 1.000 летови.

 

Александра Велинова