Политика

Нема одржлив мир во Украина без Украина

24.02.2025 15:39

Мирот во Украина без Украина нема да биде траен и ќе се повтори конфликтот со Русија, предупредија украинските претставници на обележувањето на тригодини од почетокот на војната во Скопје. Европските сојузници повторија поддршката за Украина ќе трае сè додека е потребно, побараа вклучување во мировните преговорите на Киев, но и на ЕУ. Македонија останува поддржувач на одбраната на Украина, но и на напорите за постигнување мир...

Без Украина нема да има траен мир. Таков мировен договор ќе биде само примирје до нов воен конфликт, оценуваат украинските претставници.

И додека САД и Русија поставија основа за мировни преговори, европските сојузници предупредуваат дека мирот мора да биде траен и во него да бидат вклучени и Киев и ЕУ.

Македонија ќе продолжи со поддршка на Украина и нејзиното право на одбрана.

Од почетокот на војната, Македонија е еден од најголемите контрибутори по глава на жител во воена помош, но и згрижи стотици бегалци од Украина.

 

Ирина Гелевска