Енергетика

Лорковски: Потребни се законски одредби во делот со снабдување и продажба на електрична енергија

24.02.2025 14:39

Македонија бележи умерен напредок во енергетскиот сектор и е на средина од листата држави кои се мониторираат. Потребни се низа законски одредби во делот со снабдување и продажба на електрична енергија, рече Артур Лорковски, директорот на Секретаријатот на енергетската заедница презентирајќи го извештајот за минатата година...

Во делот на електричната енергија, земјава мора до следниот февруари да го донесе законот за пазар со кој ќе може да купува и продава струја со останатите држави од Европа. Тоа би значело поголеми финансии со планот за раст или во спротивно негативно влијание врз инвестициите, појасни директорот на Секретаријатот на енергетската заедница Артур Лорковски.

Во делот на животната средина, Лорковски посочи дека бројките на загаденост со ЦО2 и прашина загрижуваат. Вели, Владата мора да преземе дејствија за намалување на штетните емисии.

Од друга страна, пак, како препорака е и носење на закон за климатски дејствија, но и упростување на издавањето дозволи за обновливи извори на енергија.

 

Миле А. Ристески