Избрана е фирма што ќе изгради катни гаражи во Клиничкиот центар
Избрана е фирма што ќе изгради катни гаражи во комплексот клиники „Мајка Тереза“ потврди денеска министерот за здравство Арбен Таравари...

Избрана е фирма што ќе изгради катни гаражи во комплексот клиники „Мајка Тереза“ потврди денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Името на фирмата не го откри, а договорот рече дека ќе биде потпишан за неколку денови. Под доста профитабилни услови, една фирма се пријавила на повикот за концесија за да изгради две катни гаражи во Клинички центар „Мајка Тереза“.
Фирмата ќе треба годишно да исплаќа само 1 процент од приходот што го остварила кон Министерството за здравство, а останатите 99 проценти ќе бидат нејзини. Концесионерот ќе изгради две катни гаражи со приземје и два ката, едната кај Клиниката за гинекологија, а другата кај хелиодромот во Клинички центар и така ќе се оствари децениската декларативна заложба на повеќе влади за решавање на горливиот проблем со паркингот во најголемиот центар за терциерна здравствена заштита во државата.
Паркинг-просторот во Клинички центар „Мајка Тереза“ не е доволен да ги задоволи потребите на пациентите. Идејата со катни гаражи е да се среди сообраќајниот хаос во Клинички центар.
