Македонија

МНР: Одлуката за резолуцијата за Украина не треба да бидат толкувана како повлекување или промена на претходно изразените позиции

24.02.2025 17:39

Особено се земени предвид силните заложби на САД за побрзо завршување на воените активности меѓу Украина и Русија преку водење ефективни и непосредни преговори, чија основна цел е што поскоро постигнување на траен мир и безбедност во Украина и поширокиот регион, објаснуваат од МНР.

МНР ја појасни нашата позиција за резолуциите во Обединетите нации – оттаму велат, одлуките се донесени врз основа на темелно истражување и анализа на актуелните глобални надворешнополитички движења, утврдените позиции на влијателните меѓународни чинители, нашата заложба за мир и стратешкиот интерес на Македонија.

Особено се земени предвид силните заложби на САД за побрзо завршување на воените активности меѓу Украина и Русија преку водење ефективни и непосредни преговори, чија основна цел е што поскоро постигнување на траен мир и безбедност во Украина и поширокиот регион, објаснуваат од МНР.

Од ресорот велат дека нашето спонзорирање и гласање за резолуциите не треба да бидат толкувани како повлекување или промена на претходно изразените позиции на Македонија, која ја поддржува Украина и нејзините напори за целосна заштита на територијалниот интегритет и суверенитет, и ја осудува руската агресија.