Влада

Предлогот за разрешување на Коцевски на владина седница

25.02.2025 07:56

Предлогот за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски денеска на владина седница. Постапката е тргната и нема да запре, но ќе потрае, велат од владата. Министерството за правда ќе го достави документот со аргументите, а откако ќе биде усвоен, ќе се прати во Советот на јавните обвинители...

Предлогот за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски денеска на владина седница. Постапката е тргната и нема да запре, но ќе потрае, велат од владата. Министерството за правда ќе го достави документот со аргументите, а откако ќе биде усвоен, ќе се прати во Советот на јавните обвинители.

Како причини за смена на републичкиот обвинител се наведуваат нарушениот углед и функционалноста на Обвинителството, незаконските постапувања и корупцијата, влијанието и неефикасноста. Коцевски негираше дека работел незаконски, па дури најави и дека ќе се повлече ако се утврди дека сторил тешка дисциплинска повреда.