Собрание
Во Собранието продолжение на две седници
25.02.2025 08:34
Собранието на Република Северна Македонија, денеска треба да ги одржи продолженијата на 34-та и 35-та седница...

Собранието на Република Северна Македонија, денеска треба да ги одржи продолженијата на 34-та и 35-та седница.
Во рамки на 35 седница, чиј почеток е закажан во 11 часот, пратениците треба да ги разгледаат предлог измените на Законот за минерални суровини, како и измените на Законот за заштита на потрошувачите и на Законот за вршење на сметководствени работи, сите по скратена постапка.
На 34-та седница, останата е само една точка за разгледување, а тоа е Предлог одлуката за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
