Канада

Силен земјотрес во Канада

25.02.2025 09:02

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата...

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Канада, соопшти ЕМСЦ.

Земјотресот е регистриран во 6 часот и 37 минути, во областа на островот Ванкувер.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.