УХМР

Утрово најстудено на Попова Шапка

25.02.2025 09:08

Најстудено утрово е на Попова Шапка, измерени -2 степена, а минусни температури има во Битола и Берово -1 степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи...

Најстудено утрово е на Попова Шапка, измерени  -2 степена, а минусни температури има во Битола и Берово -1 степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Нула степени се измерени во Крива Паланка, Тетово, Крушево, Лазарополе и Маврови Анови, 1 степен во Демир Капија и Виница, 2 во Скопје – Зајчев Рид, Прилеп, Велес, Штип, Кавадарци и Струмица, 3 степени во Скопје Петровец, Претор и Гевгелија и 4 степени во Охрид.

УХМР известува дека во Струмица до 7 часот утрово се измерени 2 литра воден талог на квадратен метар во изминатите 24 часа.

На Попова Шапка се измерени 30 сантиметри снежна покривка, 3 см во Маврови Анови и 2 см во Берово.