Eвропратеникот Томас Вајц на средби во Собранието
Вајц ќе има средба со раководството на коалицијата „Вреди“, ќе се сретне и со копретседавачката со Мешовитиот парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и Европската унија, Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ...

Eвропратеникот и постојан известувач на Eвропскиот парламент за Македонија Томас Вајц во Собранието на одвоени средби со претставници на парламентарни партии.
Како што информираат од собраниската прес-служба, Вајц ќе има средба со раководството на коалицијата „Вреди“, ќе се сретне и со копретседавачката со мешовитиот парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и Европската унија, Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.
Планирана е и средба со лидерот на СДСМ Венко Филипче. Австрискиот европратеник лани во октомври беше именуван за нов известувач на Европскиот парламент за Македонија. Вајц доаѓа на местото на бугарскиот европратеник Илхан Ќучук.
