БЛИСКИ ИСТОК
Нови напади во Газа и покрај примирјето
25.02.2025 10:21
Според израелски медиуми, на повидок е договор меѓу Израел и Хамас за предавање на останките на заложници и ослободување на некои од преостанатите палестински затвореници...

И покрај примирјето, регистрирани напади во Газа. Продолжуваат тензиите и на окупираниот Западен Брег откако израелската војска распореди тенкови со цел да се бори против палестинските милитантни организации во бегалските кампови.
Според израелски медиуми, на повидок е договор меѓу Израел и Хамас за предавање на останките на заложници и ослободување на некои од преостанатите палестински затвореници кои Тел Авив требаше да ги предаде изминатата сабота.
ЕУ повикува на спроведување на втората фаза од договорот за примирје во Газа.
