Тајван: Приведен товарен брод и екипаж под сомнение дека го уништиле подморскиот комуникациски кабел
Бродот пловел под знамето на Того, а сите осум членови на екипажот се кинески државјани. Се истражува дали прекинот на кабелот можеби е намерна саботажа.

Тајван приведе товарен брод и екипаж под сомнение дека го уништиле подморскиот комуникациски кабел што ја поврзува територијата со нејзините оддалечени острови Пенгу во Тајванскиот теснец.
Бродот пловел под знамето на Того, а сите осум членови на екипажот се кинески државјани. Се истражува дали прекинот на кабелот можеби е намерна саботажа.
Додека трае истрагата, активирани се и протоколите за национална безбедност.
Претходните инциденти со пресечени кабли во близина на Тајван ги зголемија стравувањата од тактики за хибридно војување, особено додека тензиите со на релација Тајпеј – Пекинг продолжуваат да ескалираат.
