ВАТИКАН

Состојбата на Папата Франциск и натаму критична

25.02.2025 09:41

Папата од 14-ти февруари се наоѓа во римската болница Џемели поради пневмонија.

Клиничката слика на папата Франциск сè уште е сложена, соопшти Ватикан. Од прес-службата на Светата столица велат дека лекарите поради претпазливост не ја објавуваат прогнозата.

Папата од 14-ти февруари се наоѓа во римската болница Џемели поради пневмонија.

Од Ватикан претходно беше соопштено дека анализите извршени во саботата покажале дека Папата е во критична состојба, како и дека се наоѓа во почетната фаза на откажување на бубрезите.