СЗО: Непозната болест усмрти повеќе од 50 луѓе во Конго
Избувнувањето на болеста во Конго започна на 21 јануари, а регистрирани се 419 случаи, вклучително и 53 смртни случаи.

Непозната болест во северозападниот дел на Конго усмрти повеќе од 50 луѓе, соопштија лекарите на терен и Светската здравствена организација (СЗО).
Интервалот помеѓу почетокот на симптомите и смртта во повеќето случаи е 48 часа, што е сериозна загриженост – рече Серж Нгалебато, директор на болницата „Бикоро“, регионален центар за следење болести.
Избувнувањето на болеста во Конго започна на 21 јануари, а регистрирани се 419 случаи, вклучително и 53 смртни случаи.
Според информациите од одделот за Африка при СЗО, првиот случај во населбата Болоко започнал откако три деца изеле лилјак и починале 48 часа откако развиле симптоми на треска.
