Ангелов на Конференција за климатски фискални ризици во Виена
Оваа конференција, како што соопштуваат од ЦУК, ги обединува водечките експерти од Светската банка, ММФ и ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој), како и претставници од различни земји, за подобрување на механизмите за управување со климатските ризици.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, заедно со раководителот на Сектор за аналитика во ЦУК Стевко Стефаноски, учествуваат на Конференција за климатски фискални ризици, што се одржува во Виена, Австрија.
Оваа конференција, како што соопштуваат од ЦУК, ги обединува водечките експерти од Светската банка, ММФ и ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој), како и претставници од различни земји, за подобрување на механизмите за управување со климатските ризици. Македонија, како земја која веќе се соочува со климатски предизвици како шумски пожари, суши, поплави и екстремни временски услови, мора да преземе проактивни чекори за подобро фискално и институционално управување со овие ризици.
Од особена важност беше панел - дискусијата за климатските импликации на Западен Балкан, при што се разгледаа можностите за регионална соработка и размена на искуства во справувањето со климатските предизвици.
Овој настан е од огромно значење за Македонија, бидејќи ни овозможува да ги примениме најдобрите глобални практики во развојот на стратегии за намалување на климатските фискални ризици и подобрување на нашата подготвеност за идни кризи, соопштуваат од ЦУК.
