СДСМ ги достави документите за Меџити до Мицкоски
Од СДСМ велат дека документите ги добиле преку свиркачи и се од државни институции со архивски броеви, печати и потписи.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска ги достави документите за министерот Изет Меџити до премиерот Христијан Мицкоски кого го обвинуваат за злоупотреба и корупција. Како што рече Кузеска, предаваме документи до „самопрогласениот главен државен обвинител, кадија и врховен судија“.
Од СДСМ велат дека документите ги добиле преку свиркачи и се од државни институции со архивски броеви, печати и потписи.
„Овде е наведено дека Државниот управен инспекторат констатирал неправилности дека Меџити ги пречекорувал своите законски овластувања, лично потпишувајќи ги сите предмети. Дали на овој начин сакал да воспостави контрола, за да има простор да ги уценува фирмите и граѓаните?“, рече Кузеска.
Портпаролката на СДСМ очекува реакција од премиерот во најбрз можен рок и да постапи согласно доказите.
