Македонија

Меџити: Не може архивска работа да се прикаже како голем скандал

25.02.2025 12:22

СДСМ претходно денес во Владата му достави документи на премиерот Христијан Мицкоски за скандалот со Меџити.

Не може административна работа или архивска работа да се прикаже како голем скандал. СДСМ оди по паметот на ДУИ, синхронизирани се- реагира првиот вицепремиер, Изет Меџити по обвинувањата на Социјалдемокртскиот сојуз дека работел незаконски, лично потпишувајќи ги сите предмети, без законска основа и без почитување на процедурата за административно постапување.

„Се работи за редовна контрола која е во програмата на Државниот административен инспекторат. Тие имаат забелешка, опомена за воспоставена пракса, а не за ингеренции. Тоа е пракса воспоставена од ДУИ и СДСМ, од 2016-TA година“, рече Меџити.

СДСМ претходно денес во Владата му достави документи на премиерот Христијан Мицкоски за скандалот со Меџити.

Вчера, пак, со документи добиени од свиркачи тврдеше дека поради злоупотреба, Државниот управен инспекторат со решение официјално ги одзел ингеренциите на Меџити во делот на потпишувањето на административни документи.