Конференција

Со дигитализација на комуналните услуги до помала загуба на вода

25.02.2025 12:32

За полесно да се детектира невообичаен проток на вода, во неколку општини во земјава инсталирани се паметни водомери. Досега се инсталирани околу 1.000 дигитални водомери во три општини во државава...

Загубите на пивка вода во земјава се и до 63 отсто. За полесно да се детектира невообичаен проток на вода, во неколку општини во земјава инсталирани се паметни водомери кои овозможуваат и поефикасна наплата на водните услуги.

Околу 1.000 паметни водомери беа инсталирани во Дојран, Кавадарци и Крушево. Водните претпријатија во овие општини сега полесно ќе ги откриваат нелегалните приклучоци, но и ќе се заштити животната средина.

Дигитализацијата го трансформира начинот на кој комуналните услуги за вода и отпадните води се планираат и управуваат.

 

Александра Велинова